X
 07.01.2016 Наука

Висок коефициент на интелигенција - клуч за долг живот?

Луѓето живеат подолго од кога и да е, покажува извештај од Светската здравствена организација. Меѓутоа, паметните луѓе живеат уште подолго. Коефициентот на интелигенција влијае на долговечноста, покажува истражување од Лоренс Вејли и Ијан Дери.

Резултатите од истражувањето покажуваат дека 15% повисок коефициент на интелигенција е еднакво на 21% поголеми шанси за подолг живот. „Scientific American“ цитираат еден пример во кој личност со коефициент од 115 има 21% повеќе шанси да биде жива на 76 години отколку личност со коефициент на интелигенција од 100 (просекот за населението).

Паметните повторно живеат подолго дури и кога се земаат предвид и други фактори, како економскиот статус, вработувањето итн. Други истражувања покажуваат врска меѓу коефициентот на интелигенција и смртноста, а истражувања на идентични и неидентични близнаци покажале дека врската е генетска.

Сепак, треба да се земе предвид и дека тестовите за коефициент на интелигенција можеби не се добар индикатор за интелигенцијата. Освен тоа, во истражувањето на Вејли и Дери, 20% од испитаниците биле луѓе кои мигрирале во друга земја, а тоа се релативно здрава група луѓе, наведуваат самите автори.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука