Музичката легенда Мит Лоуф им се придружи на веганите и вети дека му става крај на јадењето месо.
Пејачот ја поддржува кампањата на веганите, каде што луѓето се откажуваат од месо и производи од животинско потекло во текот на јануари.
Рокерот им се придружува на многу музички ѕвезди кои се одлучија за веганство, вклучувајќи ги Пол Макартни, Брајан Адамс, Ели Голдинг, Вил-ај-ем и Аријана Гранде.
Многу ѕвезди како Сајмон Кавел, Бенедикт Камбербеч и Натали Портман сега имаат исхрана базирана на растенија.
Но, кога синџирот ресторани „Френки & Бени“ го прашаа рокерот дали ќе се преименува во Вег Лоуф во текот на јануари, тој инсистирал дека тоа нема да го направи.
- Кога ме прашаа дали ќе го преименувам името во Вег Лоуф им реков - нема да го направам тоа. Но, би направил сè за нашата планета.
Откажувањето од месо, дури и еден ден од неделата, може да направи разлика.