Овогодишниот Светски ден на здравјето го пречекавме со страв. Дома. За да останеме живи и здрави. Со месеци читаме црни биланси, па ќе се израдуваме на позитивни вести за излекувани од невидливиот непријател, па повторно ќе нè шокираат нови истражувања и лоши вести... Исплашен и збунет, светот е во борба против Ковид-19. А во првите редови - здравствените работници.
Заборавија дека многупати биле понижени, жртви на децениски несоодветни здравствени политики заедно со пациентите. Тие не седат дома со најмилите, тие се на главниот фронт за сите нас. Во реалните услови со кои се соочуваат се борат за што повеќе спасени животи. Најмалку што можеме да направиме е да ги слушаме нивните совети и да бидеме дисциплинирани. Останете дома! За наше добро.
Ви благодариме! За добро здравје на сите!