Опструктивната ноќна апнеа е проблем кој влијае врз дишењето на детето за време на сон. Се јавува поради пречки во струењето на воздухот кон белите дробови. Апнеа значи пауза во дишењето од најмалку 10 секунди. Дете со опструктивна ноќна апнеа има паузи на внес на воздухот кон белите дробови, а овие паузи се случуваат повремено.
-Апнеите во сон може да влијаат врз квалитетот на животот на вашето дете, но и врз вас како родители. Непрепознавањето на оваа состојба и нејзино ненавремено лекување може да предизвикаат сериозни проблеми порано или подоцна. Некои деца можат да имаат проблеми со раст и развој - вели д-р Благица Манчева, педијатар во клиничката болница „Жан Митрев“.
Прочитајте повеќе на
Деца.мк.