X
 07.07.2020 Живот

Човекот ги процесира информациите на ист начин како и брзата храна и наркотиците

Дали некогаш сурфате на интернет без некоја цел или постојано го проверувате телефонот иако не очекувате ништо? Тоа е така затоа што нашите мозоци имаат потреба од знаење и го консумираат речиси автоматски, без разлика дали информацијата ни е потребна или не.

Едно истражување спроведено на факултетот за бизнис „Хас“ при Универзитетот „Беркли“ во Калифорнија открива дека информациите го стимулираат системот за лачење допамин на ист начин како што тоа го прават брзата храна, парите и наркотиците.


Фото: Pixabay

За мозокот, информацијата е награда сама по себе, без разлика дали е корисна, вели авторот на истражувањето, невроекономистот Минг Хсу. Тој објаснува дека исто како што мозокот сака „празни калории“ од брза храна, така може да ги прими информациите и притоа да чувствува задоволство.

Истражувањето на Хсу се обидело да одговори на две прашања: зошто луѓето сакаат да имаат информации и како изгледа љубопитноста во мозокот? Многу економисти сметаат дека љубопитноста е насочена кон постигнување конкретна цел, а според психолозите, љубопитноста постои без друга цел, односно луѓето сакаат да знаат нешто само за да ја имаат информацијата.


Фото: Pixabay

Истражувањето на Хсу открило дека луѓето сакале да имаат информации за поволностите од тие информации и поради задоволството при очекувањето на тие поволности. Од анализата на активноста на мозоците на учесниците се открило дека информациите што имале поволности ги активирале истите делови од мозокот што се одговорни за вреднување, односно регионот во кој се стимулира системот за лачење допамин. На истото место се лачи допамин при јадење брза храна, консумирање наркотици и добивање финансиски награди.

Ова може да објасни зошто многумина се зависни од уредите и интернетот и зошто постојано бараме информации, без оглед на нивното значење.

Автор: Кори Розенберг
Извор: treehugger.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот