X
 07.07.2021 Здравје

Што знаеме за ламбда-сојот на коронавирусот?

Последниот сој на коронавирусот за кој предупредува Светската здравствена организација (СЗО) е наречен ламбда и досега бил детектиран во 27 држави, пренесува „Јуроњуз“.

Ламбда-сојот е најраспространет во Јужна Америка, а првпат се појавил во Перу минатиот август. Тој стигнал и до Европа, каде што се шири делта-сојот. Засега не се знае колку е опасен ламбда-сојот и сè уште е на листата со „соеви од интерес“ на СЗО, што значи дека се шири и бил детектиран во повеќе земји.

Речиси 82% од случаите на ковид-19 во мај и во јуни во Перу биле од овој сој, според податоци од Панамериканската здравствена организација. До 30 јуни сојот бил присутен во осум латиноамерикански и карипски земји, а е доминантен во Перу. Во Чиле, над 31% од случаите во мај и во јуни биле од овој сој.


Фото: Pixabay

Сè уште нема јасни докази дека сојот полесно се пренесува. 

Според истражување од медицинската школа „Гросман“ на Универзитетот на Њујорк, кое сè уште не било рецензирано, вакцините против коронавирусот се ефикасни во заштитата од ламбда-сојот.

Според експертите, треба да се вакцинираат околу 70 отсто од жителите во светот за да се постигне колективен имунитет. До крајот на јуни биле вакцинирани околу 10,4 отсто од луѓето во светот.

Извор: Euronews
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје