X
 08.04.2022 Живот

Роботи-кучиња ги потсетуваат жителите на Шангај да останат дома

Во Шангај, Кина, може да се забележат роботски кучиња на улиците на кои се прикачени звучници преку кои се потсетуваат жителите дека треба да останат дома.

Во градот е забрането движењето поради зголемениот број заразени со коронавирусот. Шангај е затворен од крајот на март, откако потсој на омикрон предизвика пораст во новозаразените лица.

Роботите-кучиња не се единствените машини што се движат по улиците на Шангај. Медиумите пренесуваат дека кинеските власти користат и дронови со звучници за да ги потсетат жителите дека треба да останат дома.



Според „Ројтерс“, граѓаните не смеат да излезат од домовите дури ниту за да го фрлат ѓубрето. На 3 април во Шангај биле регистрирани речиси 8.000 асимптоматски случаи и 438 симптоматски случаи на коронавирусот.

Извор: Futurism
Насловна фотографија: Twitter (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот