Шведска во изминативе неколку години е толку добра во рециклирање, што започна да увезува ѓубре од другите земји за нејзините фабрики за рециклирање да продолжат да работат. Помалку од 1% од шведскиот отпад од домаќинствата беше испратен во депонии минатата година или било која година од 2011 па наваму.
Ние можеме само да сонуваме за ваков ефикасен систем. Шведскиот систем е далеку поефикасен поради културата на луѓето која ги тера да се грижат за природната средина. Шведска беше една од првите земји која имплементира висок данок на фосилните горива во 1991 година, и сега речиси половина од својата електрична енергија ја црпи од обновливи извори.
„Швеѓаните сакаат да престојуваат во природа и тие се свесни што треба да направиме во врска со проблемите поврзани со животната средина и природата. Работевме на комуникациите долго време за да ја крениме свеста кај луѓето да не фрлаат отпад надвор за да можеме да рециклираме и повторно да употребиме“, вели Ана Карин Грипвал, директор за комуникации во „Avfall Sverige“, шведското здружение за менаџирање на рециклирањето.
Со текот на времето
Шведска ја имплементира националната политика за рециклирање - иако поголемиот дел од бизнисот за рециклирање го презедоа приватните компании, енергијата оди во национална мрежа за греење на домовите во текот на студените шведски зими. „Постои клучна причина поради која ја имаме оваа мрежа - за да ја искористиме топлината од фабриките за отпад. Во јужниот дел на Европа не се користи топлината од отпадот, едноставно бега од оџакот. Ние ја користиме како замена за фосилните горива“, вели Грипвел.
Грипвел вели дека целта на Шведска е да ги спречи луѓето да го испраќаат отпадот да се рециклира. Националната кампања наречена „Miljönär-vänlig“ веќе неколку години ја промовира идејата дека постојат многу придобивки од поправката, споделувањето и повторната употреба.
Таа ја опишува шведската политика за увоз на отпад за рециклирање од другите земји како привремена ситуација. „Постои забрана за депониите во земјите од ЕУ, ттака што наместо да плаќаат казна, тие ни го испраќаат отпаод нас како услуга. Тие треба и ќе изградат сопствени фабрики за да го намалат отпадот, како што ние тоа го правиме во Шведска“, вели Грипвал.
„Се надеваме дека ќе има се' помалку и помалку отпад отколку што треба да се согори во секоја земја. Но, за да се користи рециклирањето за греење, државата мора да има системи за централно греење и ладење, така што мора да се изгради инфраструктура за тоа, а потребно е доста време“, додава таа.
Шведските општини поединечно инвестираат во футуристичките техники за собирање на отпадот, како автоматски системи за вакуум во станбени блокови и подземни системи кои го ослободуваат просторот на патиштата и ослободуваат од било каква миризба.
Што би направила Шведска ако земјите престанат да испраќаат отпад за таа да го „нахрани“ нејзиниот систем за топлење? Грипвал вели дека на Швеѓаните нема да им биде студено - тие имаат биогорива како замена за увезениот отпад.