X
 07.08.2025 Технологија

„Чет-ГПТ“ воведува „Режим на учење“ кој ќе помага при учењето

„Чет-ГПТ“ воведува „Режим на учење“ (Study mode), за кој вели дека е помалку насочен кон давање одговори или извршување работа за учениците, а повеќе за помагање да „изградат длабоко разбирање“ на сложени теми.

- Овој нов начин на користење на „Чет-ГПТ“ не е сосема нов модел на неговиот јазичен модел, туку серија од приспособени системски инструкции напишани во соработка со наставници, научници и експерти за педагогија за да одразат основен сет на однесувања што поддржуваат подлабоко учење - велат од „Опен АИ“.

Наместо типично резиме на предметот што може да го обезбеди стандардниот „Чет-ГПТ“ - што еден вработен во „Опен АИ“ го споредил со „поглавје од мини-учебник“ - режимот на учење полека открива нови информации. Режимот е дизајниран да поставува прашања и ќе паузира за повратни информации, за да се осигури дека корисникот го разбира материјалот пред да продолжи понатаму.


При градењето на „Режимот на учење“, од „Опен АИ“ велат дека бил инспириран од напредни корисници кои веќе се обидувале да го претворат „Чет-ГПТ“ во личен тутор или алатка за подготовка за тестови преку специфични групи инструкции. Од „Опен АИ“ велат дека се надеваат оти ќе им овозможат на корисниците кои не се доволно технолошки упатени пристап до личен тутор кој никогаш не се заморува да одговара на нивните прашања.

Интересно е што ризикот од халуцинации е помал со режимот на учење бидејќи моделот ги обработува информациите во помали делови.

Извор: bug.hr

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија