X
 07.09.2023 Здравје

Обрнете внимание - овој симптом може да предупреди на срцев удар 24 часа порано

Девет од десет луѓе што доживеале ненадеен срцев удар надвор од болница умираат - најчесто во рок од неколку минути. Една од причините зошто срцевиот застој е смртоносен е тоа што се смета дека доаѓа ненадејно и без предупредување.

Но, ново истражување посочува дека некои препознатливи симптоми може да се појават пред срцев удар, што може да ги зголеми шансите за преживување.

Кај мажите, главниот симптом пред срцев удар е неочекуваниот почеток на болка во градите, а кај жените тоа е ненадејно отежнато дишење. Овие знаци може да се појават 24 часа пред ненадеен срцев удар, според резултатите од истражувањето објавено во списанието „Лансет диџитал хелт“.

Авторот на истражувањето Сумет Чуг, доктор по медицина, вели дека 50 отсто од мажите и жените ги пријавиле овие предупредувачки симптоми пред срцев удар.

Срцевиот удар се јавува кога срцето неочекувано престанува да пумпа крв, а може да биде предизвикано од одредени видови аритмии или абнормалности на срцевиот ритам што го спречуваат срцето да пумпа крв.

Првиот знак на срцев удар е губење на свеста, по што следува борба за преживување, но раното препознавање на знаците може драстично да ги подобри шансите на пациентот.

Предупредувачките симптоми се важни, но не сите случаи на болка во градите или отежнато дишење се знаци на срцев удар. Причина за појава на вакви симптоми може да бидат и некои други здравствени проблеми како висок крвен притисок, дијабетес или други основни болести.

Меѓутоа, ако почувствувате неочекувана болка во градите или отежнато дишење, веднаш побарајте лекарска помош, особено ако имате срцева болест.

Извор: n1info.hr
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје