X
 22.12.2020 Живот

Добри вести за љубителите на благото: Руски научници направиле рецепти за слатки што му помагаат на здравјето

Истражувачите од рускиот економски универзитет „Плеханов“ развиле рецепти за слатки што помагаат во одржување на здравјето, продуктивноста и силата.

Здравите кондиторски производи вклучуваат чоколадо, вафли и медени колачи со зголемена хранлива вредност.

Овие производи овозможуваат рамнотежа на витаминскиот и микроелементниот состав на храната во согласност со потребите на организмот, велат експертите.

Тешко е да се направи храна богата со витамини од слатки бидејќи тие се калорични. Но, истражувачите успеале да ја зголемат нивната хранлива вредност со додавање растителни и животински протеини и биолошки активни супстанции. Истовремено, овие слатки го задржуваат традиционално привлечниот вкус.

- Моделиравме рецепт од две протеински компоненти што се најблиску до „идеалниот“ протеин во однос на есенцијалната содржина на аминокиселини. Овие компоненти придонесуваат за подобро варење, апсорпција и асимилација на протеините. Конечната содржина на хранливи материи во производите одговара на препорачаните додатоци во исхраната - вели Манана Ткешелавшили, заменик-директор на Истражувачкиот институт за безбедност на храна на рускиот универзитет „Плеханов“:

Слатките развиени од руските научници може да се направат во секоја фабрика за производство. Сите нови сурови состојки може да се набават од Русија.

slatki
Фото: Freepik

- Во овој рецепт се користат нетрадиционални билни суровини од руски производители, високопротеински сончогледов прав и билни препарати за вегани што го заменуваат млекото - вели Манана.

Таа посочи дека овие состојки никогаш порано не биле користени во ваква комбинација во производството на чоколадо и други слатки. Истовремено, цената на новите состојки е слична на цената на шеќерот, што позитивно влијае врз крајната цена на овие производи. Исто така, слатките се богати со аминокиселини и силимарин со хепатопротективни својства, што има позитивно влијание врз функцијата на црниот дроб и телото.

- Добиеното чоколадо има зголемена хранлива вредност поради содржината на протеини со цела низа есенцијални аминокиселини и микроелементи со хепатопротективни својства. Моделираниот рецепт го прави чоколадото отпорно на процесот на „белеење“ и спречува создавање бел слој што ги обесхрабрува клиентите - објаснува Ткешелашвили.

Според научниците, рецептите развиени за здрави слатки ќе бидат интересни за производителите на слатки не само во Русија, туку и во други земји.

Извор: Sputniknews.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот