X
 07.10.2018 Живот

Во Чернобил повторно се произведува енергија

Во Чернобил повторно се произведува енергија, но не од оној вид кој предизвика нуклеарна катастрофа пред 32 години. Украина сега се сврте кон соларната енергија и кон искористување на земјиштето на кое луѓето нема да можат да живеат уште околу 24.000 години.

Украинските власти пуштија во употреба соларна електрана со моќност од еден мегават, вредна еден милион евра во близина на озлогласената нуклеарна станица во Чернобил. Соларните панели се простираат на 1,6 хектари земјиште и произведуваат доволно енергија за околу 2.000 домаќинства.

Оваа нова соларна електрана, иако сега е ограничена во производството на енергија, би можела да прерасне во нешто поголемо. Со доволно финансии, Украина сака да постави панели кои ќе зафаќаат 2.500 хектари.


Земјата сега бара инвеститори за да ги оствари своите замисли. Украинците се надеваат дека евтиното земјиште и директната поврзаност на постројката со електричната мрежа ќе ги привлечат инвеститорите.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот