X
 11.04.2022 Живот

Девојчето со црвеното палто од „Шиндлеровата листа“ сега има 32 години и им помага на украинските бегалци

Девојчето со црвено плато, кое шета низ гетото во Краков додека неговите жители се цел на германските војници, симболизираше голем дел од комплицираниот танц во црно-белиот филм помеѓу надежта и безнадежноста, насилството и чувството на вина и невиност.

„Шиндлеровата листа“ е приказна за член на нацистичката партија кој им помогнал на илјадници Евреи да ја избегнат смртта. Исто како главниот јунак во филмот, Дабровска, која сега има 32 години и живее во Полска, им помага на украинските цивили кои се обидуваат да избегаат од војната.

Поранешната актерка на 9 март сподели уметнички приказ на нејзината култна сцена во филмот со променета боја на палтото, од црвена во сина, за да го претстави украинското знаме со сина и жолта боја.

- Таа секогаш беше симбол на надежта. Повторно нека биде - напиша Дабровска.


Дабровска се упати до полско-украинската граница за да им помогне на бегалците, а на социјалните мрежи побара помош во нивно име. Меѓу објавите, таа сподели и сцени по бомбардирањето на украинскиот град Јаворив.

- Денес Русија го бомбардира Јаворив на само 20 километри од Полска. Толку блиску! Исплашена сум, но тоа повеќе ме мотивира да им помагам на бегалците - напиша таа.


Дабровска во средата ја објави својата фотографија и рече дека таа и нејзината мајка напредуваат во набавката на комплети за прва помош за украинските војници, воспоставуваат механизам за донации и активно им помагаат на бегалците, на терен и онлајн.

Извор: b92.net
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот