Балканот е најнеразвиениот регион во Европа, што се должи на заостанатоста на Османлиите. Образованието никогаш не било ценето и отоманските водачи ги претпочитале нивните хареми наместо да сфатат дека мора да се индустријализираат како и остатокот од империјална Европа.
Австро-Унгарците изградиле повеќе училишта за една година во Албанија отколку што Отоманската Империја изградила со векови.
- Албанија едвај имала корист од Отоманската Империја; од неа профитирале само поединци. Нашите градови, институции, верата, законот, традициите беа оштетени, ако не и уништени од нив. По ослободувањето ние бевме неписмени, слаби, поделени и сиромашни. Австроунгарската администрација изгради повеќе училишта, патишта и институции во текот на една година во Албанија отколку што изгради Отоманската Империја пет долги века. Тоа објаснува многу - напиша на својот твитер-профил Алберт Бикај, кој е експерт за Балканот.
Можете да ја видите отоманско-австриската граница на картата за писмeност на Југославија во 1931 година - писмените биле под австроунгарска власт, а неписмените биле под отоманска власт.
Дури и кога се гледа просечниот коефициент на интелигенција на Балканот, тој е значително помал од остатокот од Европа.
Во денешна Турција може да се види дека заедничкото образовно ниво е значително пониско во споредба со остатокот од Европа.
Османлиите никогаш не го ценелe образованието и тоа довело до уназадување на цел европски регион и неговите народи, вклучувајќи ги и Грците, чиј придонес во учењето е добро документиран во античките времиња и недоволно ценет, но витален во среновековното време.
Извор:
Greekcitytimes.com
Фото:
Wikipedia