По една деценија планирање и собирање средства и успешен обид за промена на законот на државата Вашингтон во САД, компанијата за компостирање „Рикомпоус“ конечно ја виде светлината на денот.
Објектот на компанијата изгледа како џиновско улиште во магацин. Секоја форма на шестаголник е долга цевка исполнета со дрвени струготини, луцерка и слама. Таму лежат човечките останки. Заедно со малку органски материјал и бактерии, и ќе почне процесот на компостирање.
Самиот процес, познат и како „природно органско намалување“, трае околу еден месец и чини 5.500 долари. Семејствата потоа можат да одлучат да најдат дом во природа за посмртните останки или компанијата ќе ги достави до шумата Белс во јужен Вашингтон.
Истражувањата покажуваат дека ваквото компостирање може да биде енергетски ефикасен, „зелен“ начин за отстранување на остатоците. „Рикомпоус“ вели дека еден метрички тон СО2 се заштедува за секое лице што е компостирано наместо кремирано - приближно исто количество колку што едно возило на бензин испушта за 3 месеци.
За да се одговори на влијанието на традиционалните методи на погребување врз животната средина, се појавуваат алтернативни зелени погребувања како што е ова компостирање.
Живот по смртта: човекот станува почва
Голем дел од работата на „Рикомпоус“ ја завршуваат микроорганизмите. Тие се појавуваат природно: тие се на нас додека живееме и дишеме и се на нашите тела и откако ќе умреме.
Секое тело останува во цевката 30 дена. Еден месец лежење, распаѓање, менување. Трансформацијата што се случува во текот на овој месец е целосна. Молекулите се распаѓаат и се преуредуваат. Човекот станува почва.
- По смртта, ние сме дел од колектив. Откако нашите тела ќе се трансформираат, можеме да му се приклучиме на поширокиот екосистем. Стануваме шума, ливада, земја - велат од „Рикомпоус“.
Извор:
Bright Vibes
Фото:
Facebook/Recompose