X
 07.12.2025 Живот

За 14-годишниот мотокрос-возач Михаил, за успесите на радиоаматерот Дарко и пејачот Тодор... Што пишувавме неделава

Интервју со Радован Бакрачески, менаџер за финансиска контролакомерција: „Пивара е компанија која ги живее своите вредности преку луѓето, културата и грижата за заедницата“

„Пивара Скопје“ е компанија со повеќе од еден век историја каде што традицијата и иновациите се преплетуваат меѓу себе притоа создавајќи не само пиво, туку и приказни, емоции и брендови кои се дел од културното живеење.Како изгледа да се работи зад брендот што со децении е симбол на македонската автентичност?

Во разговор со Радован Бакрачески, менаџер за финансиска контрола-комерција, откриваме што значи да се биде дел од еден од најреномираните домашни брендови, како се создаваат нови вкусови и брендови и зошто „Пивара Скопје“ е вистинско место за младите што сакаат да работат во динамична, инспиративна и современа средина.

Дарко Трајков освои бронзен медал на Светското првенство во брзо примање и предавање на морзеовите знаци: „Морзеовата азбука е тешка, секоја буква е различен звук“

Дарко Трајков од Кавадарци освои бронзен медал на Светското првенство во брзо примање и предавање морзеови знаци, кое се одржа во Игало, Црна Гора. Тој се закити со медал во дисциплината прием на радиоаматерски знаци.

Дарко повеќе од петнаесет години е дел од македонската репрезентација, а досега освои голем број признанија, меѓу кои и титулата европски првак, а во истата дисциплина бил и второрангиран во светот.

Тодор Арсовски е единствен Македонец кој ќе настапува на ФЕМУСЦ 2026 во Бразил: „Многу наши оперски пејачи прво градат кариера во странство, па се враќаат дома“

Тодор Арсовски од Штип следниот месец патува за Бразил за да учествува на еден од најреномираните фестивали за класична музика во Латинска Америка - Фестивалот на музика на Санта Катарина (Festival de Música de Santa Catarina - ФЕМУСЦ), откако успеа да се избори за учество меѓу над илјада поднесени апликации од целиот свет. Тодор е меѓу оние 330 уметници што ќе ја имаат честа да настапат на сцената во Жарагуа ду Сол во Бразил.

Михаил Стојковски има 14 години и е прв Македонец со шампионска титула на „Алпе Адриа мотокрос шампионатот“: „Мој идол е татко ми“

Михаил Стојковски е мотокрос-возач, има 14 години и е еден од најмладите возачи на „МК ендуро тим Водно“ од Скопје. Во низата успеси последно се закити со шампионската титула на еден од најпрестижните мото-шампионати „Алпе Адриа мотокрос шампионат“.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот