X
 23.01.2022 Живот

„Сестри“ е образовна читанка за младите, патувањата и омикрон ги наполниja лабораториите... Што пишувавме неделава

Доколку пропуштивте...

Менталното здравје низ две години корона-секојдневие

Понекогаш погледнете на вашиот предизвик низ призма на можност, а не на проблем

Речиси две години живееме поразлично. Помалку социјализирано, повеќе изолирано. Претпазливи едни кон други за да не нанесеме непосакувана можна штета или да не ни нанесат. Вистина е дека на многумина вирусот ни донесе болка, социјална изолација, страв, тага, осаменост и страдање.

Велат по дождот доаѓа сонце, но кога ли ќе изгрее нашето сонце? Сè уште е облачно или врне. Би требало да прифатиме дека завршувањето на пандемијата останува за една не/догледна иднина.

Празниците - огледалото и реалниот самоодраз

Празничните софри ни станаа полигон за натпревар, декорирани со сите нишани и пласирани на социјалните мрежи како дел од нашиот изолиран социјален живот, во кој бараме потврда за сопствениот дострел. Зошто некому би му било гајле што имаме на маса

„Сестри“ е образовна читанка за младите, вели актерката Јанчевска

Откако го гледале филмот, некои родители им забрануваат на децата да одат на забави. „Сестри“ е филм кој треба да служи како превентивна алатка, особено кај средношколците. Мислам дека и родителите треба да го гледаат за да се доближат до животот на своите деца, вели актерката Марија Јанчевска за Факултети.мк.

Интервју со Бојан Кордалов: За онлајн комуникацијата и опасноста од сајбер-булинг

Доколку постојано исмејуваме, многу е веројатно дека ќе воспитаме деца кои нема да бидат многу толерантни и емпатични, туку главно ќе бидат склони кон исмејување на своите врсници, дискриминација и веројатно ќе бидеме одговорни за поттикнување врсничко насилство, смета Кордалов, специјалист за односи со јавност и нови медиуми.

Народните верувања за Водици – зошто кумот е главен?

Според етнологот Јакимовска, во сите овие народни обичаи има прецизно дефинирани улоги, на пример, главниот кум го чува крстот една година, од едни до други Водици, а менувањето на кумството се врши според строго установен ред, најчесто по старост.

Црковното чествување на овој празник е врзано со крштението на Исус Христос од свети Јован Крстител во водите на Јордан. Но, овој празник има и народно верување, или етнолошки толкувања кои се присутни со векови меѓу луѓето. Кои се најважните елементи од тие традиционални верувања, како настанале и какво е толкувањето на водата низ овие народни обичаи?

Поетесата Ана Бунтеска за наставниците што никогаш нема да ги заборави, како влијаеле врз нејзината поезија?

Поетесата Ана Бунтеска е инспирација за многумина обожаватели на пишаниот збор. Нејзината поезија е една од најсподелуваните на социјалните мрежи, а токму љубовта е таа што се провејува во секоја нејзина песна. Иако по професија економист, сепак, уште од најрани години имала желба да напише поезија на лист хартија. И таа желба била поттикната токму од две нејзини наставнички. Едната била од основното образование, а другата ја мотивирала во средното училиште.

Патувањата и омикрон ги наполниja лабораториите за тестирања за ковид

Празничните патувања и појавата на омикрон го зголемија бројот на тестирања за ковид-19, велат од Институтот за јавно здравје. Епидемиолозите, сепак, не располагаат со податоци за причините за тестирање, односно колку од нив се направени за патувања, кои беа наметнати со правилата за влез што секоја држава ги постави, а колку се затоа што се сомневаат дека се болни или дека се инфицирани.

- Тестираните во пунктовите, закажани од матичните лекари, би требало да се лица кои се со симптоми, но за другите тестирања, направени во приватните лаборатории, не се бара да се наведе причина за тестот - велат од Институтот за јавно здравје.

Според податоците од Министерството за здравство, зголемување на бројот на тестирања се забележува од минатиот месец затоа што имаше повеќе денови кога се правеа од 3.000 до 5.000 тестирања дневно. Има денови кога се прават меѓу седум и осум илјади тестирања, кои потврдија дека е зголемен бројот на заболени од ковид-19.

Никогаш не е доцна за уметност – Нада Сарагинова од Велес на 52 години почнала да везе со срмен конец

Нада била талентирана ученичка со голем уметнички потенцијал, но нејзиниот татко, воен офицер, ги забранил зборовите ликовна академија дома

- Религиските мотиви се навистина потешки за изработка затоа што се побогати со детали. Ми требаа по два месеца да ги изработам црквите „Св. Кирил и Методиј“ во Велес и „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник, раскажува таа.

Уметноста не познава граници и возраст, ниту време за почеток или крај, а доказ за тоа е Нада Сарагинова од Велес, која по 40-ина години ѝ се вратила на својата љубов од детството – уметноста, односно ракотворбата.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот