Пред да замине да студира физика на еден од најпрестижните факултети во САД, МИТ, матурантот Мајкл Георгиевски од Кавадарци на брилијантен начин ја заврши сезоната на постигнати успеси на меѓународни средношколски олимпијади по физика. За еден месец освои два медала - сребрен на 7. Европска олимпијада по физика што се одржа на 20 јуни во Хановер, Германија, и бронзен на Меѓународната олимпијада по физика што се одржа од 10 до 17 јули во Токио, Јапонија. Речиси и да нема меѓународен натпревар по физика на кој се појавил Георгиевски, а заминал без награда.
Ана Гаштаровска е меѓу најдобрите студенти на УКИМ и вели дека оваа награда е сведок на сѐ што вложила во годините минати на Факултетот за музичка уметност, на часовите поминати во учење и свирење, на љубовта, креативноста и трудот насочени кон градењето како концертен пијанист.
Летото асоцира на вода, а во Македонија имаме многу езера. Освен трите поголеми езера, има мали глацијални природни езера, сместени на високите планини, на надморска височина од 1.600 метри до 2.500 метри. Најмногу ги има на Шар Планина (18), потоа на Кораб со Дешат и Крчин (12), Јабланица (4), Стогово (3), Пелистер (2) и Јакупица (2). Овие езера, иако се мали, се многу атрактивни, пред сѐ, поради положбата. Едно од најубавите е Големото Езеро на Пелистер. Покрај природни, во нашата земја има и вештачки езера.