Влатко Спасев од ФИНКИ, Стефан Андонов исто така од ФИНКИ и Елена Наумовска од Економскиот факултет беа избрани за најдобри, најпосветени, најинспиративни професори во изминатата година. Резултатите се дел од спроведената анкета на Факултети.мк на прашањето „Кој професор ви остави најголем впечаток изминатава година?“
Студенти од Машински и од ФЕИТ го прават првиот македонски болид
Осумнаесет студенти од Машинскиот и од Факултетот за електротехника и информациски технологии ќе го градат првиот македонски болид, од дизајн до производство, во рамките на инженерскиот натпревар „Формула студент“. Со помош на спонзори тие ќе произведат делови, но и ќе реупотребуваат стари, а на крајот ќе се тркаат со болидот на натпревар.
Милена Трајаноска доби награда за најдобар студент на УКИМ. Вели дека таа награда ѝ е значајна бидејќи претставува потсетник дека со голема желба, одлучност и добра работна навика може да се постигнат одлични резултати. Таа е кулминација на годините исполнети со труд, посветеност кон науката и упорност на патот кон академска извонредност.
Меѓународниот ден на младите се одбележува секоја година на 12 август. Се користи како можност за владите и другите да го насочат вниманието на младинските прашања ширум светот. По тој повод разговараме со министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, за нејзините планови и приоритети за обезбедување посветла иднина на младите, обездедување на подобро место на пазарот на трудот. Според неа, младите се долгорочна инвестиција во системот, а 12 август е ден кој носи надеж, иднина, но и силна порака - ден кој ги охрабрува младите да се погласни, покритички, посигурни во своите барања, но и во себе.