Фотограф од Мичиген направил смешни фотографии од две верверички кои се караат која да го изеде парчето зелена салата.
Еден ден, пред да замине на работа, Пола Бадур уживала во погледот на пролетта и дивиот свет што се појавува во овој период од годината.
- Тој ден, имав „посета“ од три елени, ласица и верверица - вели таа.
Она што Бадур го забележала тоа утро биле две црвени верверички кои се карале околу зелена салата што се наоѓала во близина. Верверичките скокале една кон друга и се бореле, а Бадур успеала да сними фотографии од нивната кратка пресметка.
- Треба да знаете дека верверичките си заминаа без повреди - вели таа додавајќи дека е сигурна дека ќе ја посетат повторно.
Пола живее во малото гратче Седарвил на источниот Горен Полуостров во Мичиген. Откако љубовта на нејзиниот живот ненадејно починал во јануари 2020 година, Бадур ја зела камерата како форма на терапија среде тага. Таа поминала две години усовршувајќи ги своите вештини и фотографирајќи ја природата.
- Мојата цел е да му го покажам на светот дивиот свет што го имаме во нашиот мал агол на светот. Повеќето од фотографиите се направени во мојот двор низ прозорецот на мојата спална соба - вели таа.
Бадур се надева дека нејзината фотографија од терапија ќе премине во кариера, но засега е задоволна со споделување на нејзината работа со светот преку социјалните мрежи.
Извор:
Petapixel.com
Фото:
Paula Badour