X
 08.03.2021 Здравје

Полициски час од 22 до 5 наутро бара Комисијата за заразни болести

Министерот за здравство Венко Филипче, по предлог на Комисијата за заразни болести, денеска на Главниот координативен кризен штаб - ГККШ предложи воведување полициски час од 22 часот навечер до 5 часот наутро, на територија на цела држава, соопшти Министерството за здравство.

Комисијата дополнително ќе се изјасни од кој ден ќе започне полицискиот час и до кога ќе трае.

Министерот образложи дека овој предлогот на Комисијата е поради тоа што изминативе недели најмногу инфицирани има поради трансмисија на вирусот преку собири, но и непочитување на воведените мерките за носење заштитна опрема, држење дистанца и негрупирање.

Анализите на Комисијата утврдиле дека поради непочитување на мерките, ќе има нови случаи на заразени, но и зголемен број хоспитализирани, па од таа причина Комисијата смета дека една ваква ригорозна мерка ќе има ефект.

Владата на утрешната седница ќе треба да се изјасни по предлогот на Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести.

Фото: Архива

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје