X
 19.07.2021 Живот

Комисијата за заразни болести засега не ги менува мерките за заштита од коронавирусот

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок ја разгледуваше епидемиолошката состојба во државата. Лесно зголемување на позитивни од тестирани за ковид-19 има во Скопје и во Тетово. Според анализите во Тетово, ширењето на вирусот е поради непочитување на препораките и протоколите при организирање семејни веселби и друг тип веселби во затворен простор. И покрај бројот на активни случаи и позитивни од тестирани за ковид-19, состојбата е стабилна, а во болниците нема притисок од хоспитализации, пишува во соопштението од Министерството за здравство.

Комисијата за заразни болести во моментов останува на досега препорачаните мерки, кои би се заостриле во моментот кога ќе се укаже таква потреба.
Министерството за здравство апелира граѓаните да се придржуваат кон препораките за заштита и спречување на ширење на коронавирусот.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот