X
 25.01.2019 Економија

Словенците на телефон ќе добиваат известувања за неплатени придонеси

Словенечките работници што се плашат дека работодавците не им ги плаќаат редовно придонесите за социјално осигурување отсега за тоа ќе добиваат пораки на своите паметни телефони.

Сè што треба да направат е да си инсталираат апликација на својот телефон, по што автоматски ќе добиваат известувања за евентуалните пропусти на работодавците.

- Нема да биде потребна никаква активност на корисникот, а известување ќе добиваат и кога апликацијата ќе биде затворена, така што нема да се грижат дали нивните придонеси се платени или не - објави финансиската управа на словенечкото министерство за финансии.

Неплаќањето на придонесите, особено на оние за пензиско осигурување, до пред неколку години не беше редок случај меѓу работодавци, но прописите оттогаш станаа построги. На оние што нема да ја исполнат таа обврска им се заканува казна до 30.000 евра и три години затвор.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија