Едно момче секој роденден од татко си добивало шише виски старо 18 години, а сега решил да ја продаде колекцијата за да си купи куќа.
Метју Робсон од Тонтон, Англија, е роден во 1992 година и во изминатите 28 години неговиот татко потрошил околу 5.000 фунти за да купи 28 шишиња виски „мекалан“. Колекцијата сега вреди повеќе од 40.000 фунти и е понудена на продажба.
Метју истакна дека тоа веројатно не бил најдобриот подарок за мало момче, но со строги упатства никогаш да не ги отвора шишињата, тие сега станале добра заштеда.
- Секоја година тоа ми беше подарок за роденден. Мислев дека тоа е малку чуден подарок бидејќи бев премал за да почнам да пијам. Но, ми беа дадени строги упатства никогаш да не ги отворам и се трудев најмногу што можев и успеав, недопрени се - вели тој.
Пит и Метју
Фото: BBC
Неговиот татко Пит вели дека првото шише виски е од 1974 година и било купено за да се замие главата на бебето.
- Мислев дека би било забавно да се купува по едно секоја година и на крајот да има 18 шишиња старо виски на 18-тиот роденден - вели таткото.
Метју се надева дека ќе ја продаде својата колекција за 40.000 фунти и со тоа ќе плати депозит за куќа.
Неговата колекција ја продава Марк Литлер, кој ја опишува како совршен сет. Вели дека веќе има голем интерес за колекцијата, најмногу од купувачи од Њујорк и од Азија.
Извор и насловна фотографија:
BBC