Некои кинески фармери одгледуваат сè поголеми свињи за да ги задоволат недостатоците од свинско месо.
Во главниот град на провинцијата Гуангси еден сопственик на фарма одгледува свињи што тежат повеќе од 500 килограми - правејќи ги големи колку поларни мечки. Џиновските свињи може да се продадат за повеќе од 10.000 јуани, или 1.400 долари, што е повеќе од трипати повисока цена од месечниот просечен приход во провинцијата.
Возрасните свињи обично тежат од 130 до 300 килограми. Но, најголемата домашна свиња што била забележана е Големиот Бил од Џексон, Тенеси, кој тежел 1.157 килограми. Бил бил заклан пред да отпатува на светски саем во Чикаго во 1933 година затоа што ја скршил ногата поради преголемата тежина.
Повеќето преголеми свињи умираат од компликации на здравјето. Во 2004 година друга голема свиња наречена Тон, чувана во Кина, пцовиса поради недоволна мобилност предизвикана од дебелината. Оваа свиња тежеше 900
килограми.
Џиновските свињи одгледувани во Нанинг се наменети за колење, но поголемите свињи стануваат сè понеопходни за фармерите да можат да се одржат додека африканскиот свински грип уништува популации на свињи во азиските земји.
Кина е најголемиот консумент на свинско во светот и е „одговорна“ за повеќе од половина од консумацијата на свинско. Малите фармери и големите корпорации за свинско во земјата се насочуваат кон одгледување поголеми свињи, обидувајќи се да ја зголемат просечната тежина за 14 отсто и да го зголемат профитот за 30 отсто.
Кинеската влада предупреди дека набавката ќе биде екстремно тешка во првата половина од идната година поради недостатоците и поради тоа што кинеските фармери ќе мора да убијат третина од свињите. Се проценува дека недостигот на свинско ќе достигне 10 милиони тони.
Епидемијата ги натера фармерите да убијат околу 250 до 300 милиони животни во обид да го спречат ширењето на болеста. Владините службеници им порачаа на фармерите да почнат со нормално производство што е можно поскоро за да ја зголемат домашната набавка на свинско.
Дополнително, малите прасенца и маториците стануваат сè поскапи во Кина како резултат на масовното убивање. Побарувачката на свинско веројатно ќе предизвика и зголемување на цените на месото.