X
 15.02.2024 Живот

Во 1946 година матурант од Висконсин му пишал на Ајнштајн. Одговорот сега е на аукција

Пред речиси 80 години матурант му напишал писмо на Ајнштајн во кое му поставил прашања за Теоријата на релативноста. Набрзо Ајнштајн му испратил краток одговор.

Сега писмото со одговорот се најде на аукција, а максималната понуда за него се искачи на речиси 30.000 долари. Пред затворање на продажбата, цената може да порасне уште повеќе.

Џок Монстед бил тој што му пишал на Ајнштајн и токму тој го испратил писмото на бостонската аукциска куќа „Ар-ар окшн“ заедно со пликот со печат адресиран од Ајнштајн, како и писмена изјава за тоа од каде доаѓа писмото на Ајнштајн.

Тој вели дека на тие години бил љубопитен за Теоријата на релативноста на Ајнштајн кога дознал за атомската бомба на часовите по физика.

pismo
Фото: RR Auctions

Монстед го испратил своето писмо на почетокот од април 1946 година, по помалку од една година од бомбите фрлени во Хирошима и Нагасаки. Монстед, кој тогаш бил матурант, сакал да знае кои се мерните единици во познатата равенка на Ајнштајн.

На 21 април 1946 година Монстед добил краток одговор од Ајнштајн. Во писмото пишувало: „Почитуван господине, вашите информации не ми изгледаат сосема веродостојни. Но, немам време да ги поправам. Во формулата E=Mc², М се мери во грам, Е во ерг (единица за енергија), а с во сантиметри/секунди. А. Ајнштајн.

Уште од 1976 година оваа аукциска куќа продава ретки ракописи, автограми и историски артефакти, така што имала многу сувенири од Ајнштајн.

Но, писмото на Монстед е уникатно поради неколку причини.

Прво, како германски научник, Ајнштајн обично пишувал на германски јазик, но во писмото на Монстед користел англиски. Второ, бидејќи Ајнштајн го напишал писмото користејќи канцелариски материјал од Универзитетот „Принстон“, автентичноста на писмото е очигледна. Плус, ова е еден од ретките моменти кога Ајнштајн ја пишува равенката.

Извор: Postcrescent.com
Фото: RR Auctions
Подготвил: Тамара Гроздановски
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот