X
 08.11.2019 Здравје

Заедно до Средно Водно – рекреација и поддршка во борбата против дијабетесот

Во текот на утрешниот ден, 9 ноември, од 10 до 13 часот, Сојузот на здруженија на дијабетичари организира настан за сите љубители на спортот и здравите животни навики, со цел да се подигне свесноста за дијабетесот, како и да се едуцира општата јавност за важноста на семејството во третманот и разбирањето на потребите на лицата со дијабетес.

Рекреативното искачување на Водно е дел од овогодишните активности поврзани со Светскиот ден за борба против дијабетес. Настанот започнува со средба на учесниците во 10:00 ч. пред О.У. „Кочо Рацин“, по што е планирано заедничко искачување до Средно Водно. За секој учесник е предвидена редовна контрола на гликемиите, како и пакет за освежување. Оние што не можат да испешачат, може да ги искористат редовните автобуските линии на ЈСП и да се придружат на паркингот на Средно Водно, каде што продолжува дружењето. На искачувачите ќе им се придружи и група од велосипедисти, поддржувачи на борбата против дијабетесот, кои со симболична кружна маршрута преку Средно Водно и Пантелејмон до О.У.,,Кочо Рацин“ ќе го извозат т.н. син круг, кој е всушност знакот на лицата со дијабетесот.

Уште една одлична можност за сите ентузијасти и љубители на рекреативното планинарење да го искористат викендот за рекреација, но и активно да се вклучат и да ја поддржат иницијативата. На настанот ќе земат учество и претставници на разни компании, како и секој што доброволно сака да се приклучи и да даде поддршка.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје