Американски психолог тврди дека хеви метал музиката помага во ублажување на негативните емоции и намалување на стресот.
Д-р Никол Андреоли, клинички психолог и терапевт, објави видео на „Тик-ток“ кое стана популарно, во кое објаснува како и зошто хеви метал музиката има позитивни ефекти врз нашиот мозок и менталното здравје. Како што вели таа, хеви металот не само што нè прави поопуштени, туку и ни овозможува да размислуваме пологично и да извлекуваме заклучоци.
Андреоли објаснила дека хеви металот го намалува нивото на кортизол, што помага да се намали стресот. Во исто време, луѓето кои ја слушаат оваа музика имаат покомплексен начин на размислување, бидејќи оваа музика помага при фокусирање.
Иако некои од зборовите на песните се поврзани со насилство, не била пронајдена врска помеѓу слушањето на овој жанр и насилството, но таа претставува добар начин за менаџирање на гневот.
Извор:
Ekapija
Насловна фотографија: Pixabay