X
 21.01.2019 Живот

Брод полн со мигранти бара пристаниште, ниедна земја не го сака

Приватен брод во кој има 47 мигранти спасени кај брегот на Либија бара пристаниште во кое би можел да се закотви, но ниту една земја со која досега контактирал не сака да го прими.

Станува збор за бродот „Си Воч 3“, управуван од германска невладина организација, од каде што соопштија дека контактирале со Италија, Малта, Либија и Холандија во потрага по пристаниште, бидејќи бродот носи холандско знаме.

Владите на Малта и Италија не сакаат да прифаќаат приватни бродови за спасување кои носат мигранти во нивните пристаништа.

Според известувањата, мигрантите биле спасени на околу 50 километри од западниот брег на Триполи, во либиската зона на потрага и спасување.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот