Анксиозноста не значи само гризење на ноктите и постојана грижа, таа може да се манифестира на различни и неочекувани начини. Оние кои ќе ги прочитате во продолжение се неколку од нив. Доколку ги имате, препорачливо е да се консултирате со експерт.
1. Се го вознемирува вашиот стомак
Подуеност, дијареа, грчеви во стомакот – ако ова е често дел од вашето секојдневие, тогаш можеби патите од анксиозност која доведува до иритација на дигестивниот тракт, предизвикано од премногу стрес и грижи.
2. Не можете да спиете
Едноставно вашето тело не соработува кога вашиот мозок е преморен и е време за спиење. Срцето ви бие силно а вие размислувате за милион нешта постојано. Најчесо ова е знак за анксиозност, а недостатокот од сон само ја влошува состојбата.
3. Консумација на алкохол
Едно е ако пиете една чаша вино со вечерата. Но, друго е кога имате потреба да пиете алкохол кога се соочувате со стрес од забави или други социјални ситуации. Ова е многу карактеристично за луѓе со социјална анксиозност. Мора да се биде внимателен, бидејќи алкохолот иако помага да се релаксирате за неколку часа, може многу да ги влоши работите подоцна, а и да создаде зависност.
4. Потребна ви е масажа
Кога чувствуваме закана и сме под стрес, мускулите се грчат. Потребно ни е опуштање и релаксирање. Луѓето со анксиозност се особено чувствителни на ова и постојано се во грч и болка.
5. Работата е навистина тешка
Дури и мали разговори се вистински предизвик кога некој не може да се концентрира. Потешкотиите во фокусирањето се основниот дел од анксиозноста и депресијата. Кога има недостаток од концентрација, страда и работата.
6. Постојано имате главоболки
Чести мигрени се исто така резултат на зголемен стрес и анксиозност. Ако се открие навреме, може да се третира и
главоболките да престанат.
7. Недостиг од здив
Ова е најчесто за луѓето кои патат од
анксиозност и панични напади. Паниката доведува до немање доволно воздух, без разлика колку длабоко дише индивидуата во тој момент.
8. Не можете едноставно да се ослободите дури и од мали работи
Вознемиреноста за дури и најмали ситници е присутна дури и по неколку дена. Анализирате, преиспитувате ситуации постојано – тоа веќе преминува во опсесивност и е застапено кај лицата со анксиозност.