X
 18.11.2019 Здравје

Бесмислените деловни состаноци се еден вид терапија

Деловните состаноци на работа не се важни само за донесување одлуки. Тие можат да бидат и терапија.

Академиците од Универзитетот во Малме, Шведска, велат дека состаноците помагаат вработените да го покажат својот статус или да искажат фрустрација.

Професорот Патрик Хол вели дека тие стануваат сè почести бидејќи повеќе раководни и „стратешки“ работни места изискуваат повеќе состаноци. Но, тој вели дека и покрај тоа што има повеќе состаноци, се носат сè помалку одлуки.

Професорот ја испитувал очигледната противречност во тоа како луѓето може да имаат ниско мислење за работните состаноци, а нивниот број да продолжува да се зголемува. Тој вели дека порастот на состаноците рефлектира промени во работната сила - при што помалку луѓе извршуваат работа, со што се зголемува бројката на луѓето вклучени во „интензивни состаноци“, како стратези, советници, консултанти и менаџери.

terapija
Фото: Getty Images


- Луѓето повеќе не прават конкретни работи - вели тој.

Тој вели дека има пораст на менаџерските улоги, кои честопати не се добро дефинирани и каде што хиерархијата не е толку јасна.

- Многу менаџери не знаат што да прават и кога не се сигурни во својата улога, тие реагираат така што закажуваат повеќе состаноци. Луѓето сакаат да зборуваат и тоа им помага да најдат нова улога - вели професорот.

Голем дел од овие луѓе може да поминат половина од работното време на состаноци.

Состаноците може да предизвикаат чувство на бесмисленост, вели тој. Но, според него, луѓето често не ја сфаќаат нивната поента. Состаноците, особено оние долгите, може да имаат терапевтска функција. Без оглед на тоа што се дискутира, тие се можност луѓето да се жалат и да бидат признати од колегите.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје