X
 09.01.2023 Живот

За уште подобро корисничко искуство - нов изглед и нови функционалности на ПроКредит мобилната апликација

ПроКредит банка ја претстави најновата, унапредена верзија на апликацијата за мобилно банкарство, со нов, подобрен кориснички интерфејс кој е практичен и интуитивен, и нуди лесна навигација низ многубројните функционалности.

Покрај новиот, модерен изглед, со новата верзија на апликацијата корисниците добиваат низа нови функционалности кои се создадени како одговор на потребите на клиенти на брз и практичен начин да ги завршат своите банкарски потреби.

Новите функционалности на мобилната апликација, покрај стандардните услуги, вклучуваат и:

• Биометриска автентикација – логирање со отпечаток на прст
• Буџетски плаќања – можност за едноставно и лесно електронско плаќање кон буџетски корисници
• Send to friend - трансфер на средства кон контакт
• Преглед на бизнис-картички – новитет кој овозможува целосна евиденција и управување со бизнис-картички во секое време и од секое место
• Можност за промена на ПИН на платежната картичка
• Поштенско сандаче за праќање пораки кон банката – полесен и побрз начин до онлајн експозитурата на банката
• Поставување дневен лимит за плаќања

Мобилното банкарство на ПроКредит банка овозможува комплетна флексибилност и плаќања со 100% сигурност и безбедност при процесирање на плаќањата преку заштитена конекција.

Како прва и единствена целосно дигитална банка, ПроКредит континуирано развива нови дигитални банкарски услуги со цел да го унапреди корисничкото искуство за своите клиенти, кои веќе ги користат предностите на дигиталните експозитури.

Дознајте повеќе за мобилната апликација на ПроКредит на следниот линк: https://www.pcb.mk/mobilna-aplikacija.nspx

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот