X
 09.01.2024 Економија

Странските работници во Малта може да добијат дозвола за 15 дена

Малта има нова иницијатива за странски работници со која се забрзува процесот за пријавување на странскиот кадар во земјата.

Сите дипломирани студенти или оние што имаат квалификации за менаџерски или технички работни позиции, а заработуваат најмалку 25.000 евра годишно, може да се пријават. Освен тоа, работодавците мора да докажат дека нема жители на Малта или друга земја членка на ЕУ кои може да ја пополнат работната позиција.

Со новата програма бараните работници може да добијат дозвола за работа за најмногу 15 работни дена.

Малта има и програма за вработување менаџери или техничари на високи работни позиции во која процесот на аплицирање за дозвола трае само 5 работни дена.

Во Малта имало 97.000 странски работници во 2022 година, зголемување во споредба со 2012 година кога имало само 15.000 работници. Сепак, анкета спроведена минатата година покажува дека речиси две третини од компаниите во Малта имаат недостиг на работници.

Извор: Schengen visa info
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија