X
 09.04.2021 Уметност

Уметник создава уникатни анимирани тетоважи со неонски светла

Можеби веќе сте запознаени со тетоважите за кои се користи ултравиолетово мастило, но рускиот уметник Максим Сипаков ја подигнува таа уметност на сосема ново ниво.

Талентираниот 18-годишен аниматор дигитално менува видеа од тату-артисти низ светот. Тој додава неонски светла на нивните дизајни кои изгледаат како магија да се движи по кожата. Секоја модифицирана уметност на телото изгледа како тетоважа на суперхерој.

Сипаков првпат почнал да додава неонски светла на снимки од фудбалски натпревар во 2020 година. Оттогаш ја најде својата мотивација во тату-уметноста. Неговите шарени додатоци овозможуваат да ја видите тетоважата во сосема ново светло - буквално.

Од геометриски форми, до дизајни инспирирани од ликови, Сипаков може да ја претвори секоја тетоважа во нешто што изгледа натприродно.










Извор: Мymodernmet.com
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Уметност