X
 02.06.2022 Живот

„Вирџин атлантик“ е првата британска компанија што дозволува екипажот да ги покаже своите тетоважи

„Вирџин Атлантик“ е првата авиокомпанија во Обединетото Кралство што им дозволува на вработените да ги покажат своите тетоважи на рацете додека се во униформа.

Стујардесите отсекогаш имале традиционално гламурозна улога, па од нив се очекува да изгледаат пристојно. Повеќето авиокомпании поставуваат строги барања за облекување на персоналот.

Но сега, секој униформиран вработен во „Вирџин атлантик“ може да ги покаже своите тетоважи во обид да го охрабри персоналот да биде свој и да ја покаже својата индивидуалност. „Вирџин Атлантик“ беше една од првите големи авиокомпании што во 2019 година го отфрлија барањето женскиот персонал да носи шминка додека е на должност, а исто така им дозволи да носат панталони наместо здолништа.

- Среќен Меѓународен ден на стујардесите. Отсекогаш сме ги охрабрувале нашите луѓе да бидат свои, па од денес со гордост можат да ги покажат своите тетоважи - напиша компанијата на својот твитер-профил.

atlantik

Британската авиокомпанија, основана од милијардерот Ричард Бренсон, соопшти дека исто така ги ублажува ограничувањата за тетоважи пред новата кампања за регрутирање на кабинскиот екипаж.

- Многу луѓе ставаат тетоважи за да ги изразат своите уникатни идентитети и нашите колеги не треба да бидат исклучени од тоа, доколку изберат да се тетовираат - вели Естел Холингсворт, главен директор за вработување во „Вирџин Атлантик“.

Од авиокомпанијата велат дека тетоважите на вратот, лицето и на главата и понатаму треба да бидат покриени, иако се разгледува и таа политика. Освен тоа, треба да се покријат навредливите тетоважи.

- Да се биде дел од нашата екипа е авантура, со патувања низ светот и нови искуства на секоја дестинација. Ги поздравуваме сите заинтересирани за ова возбудливо ново патување во кариерата и ги охрабруваме да аплицираат - изјави Естел.

Извор: Daily Mail
Фото: Daily Mail
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот