Неговото име е Крал Леополд II на Белгија и има убиено повеќе од 10 милиони невини луѓе на просторите на она што е денес Демократска Република Конго.
За да ги исполни своите соништа да ја основа Белгија како империјална сила, формирал своја колонија – Слободна држава Конго во 1885 со изговор дека ќе го подобри животот на домородното население. Под неговиот режим околу 10 милиони Африканци ги загубиле животитите.
Тој ги маскирал неговите бизнис трансакции како „филантропски“ или „научни“ напори под знамето на Меѓународното африканско општество. Неговото владеење било спроведувано преки работни кампови, осакатување на тела, погубувања, измачување и неговата приватна армија.
Некои од нив биле тепани до смрт затоа што не ги исполнувале производствените квоти за слонова коска поставени од агентите на Леополд. Некои робувале до смрт, умирале од болести, биле земани како заложници, им биле отсекувани делови од телото и фрлани во реките и езерата.
Зошто светот не се сеќава на ова име?
Леополд се осигурал дека неговите
злосторства никогаш нема да стигнат до историските книги. Кратко време по некои пресврти во колонијата печките во палатата гореле 8 дена за сите записи да ги сторат пепел и чад.