X
 12.07.2021 Технологија

Алатка го мери времето што политичарите го поминуваат на телефон на владините состаноци

Доколку ве фрустрира незаинтересираноста на некои политичари за време на работните часови, сега има начин како да се покаже тоа.

Компанијата „Драјс дипуртер“ од Белгија направила алатка која користи вештачка интелигенција за да пресмета колку време политичарите го користат телефонот додека се на работа. Алатката е наречена „Флемиш скролерс“ (Flemish scrollers), а користи технологија за машинско учење и препознавање на лицето.


Фото: Dries Depoorter

Сите состаноци на владата на Фландрија се пренесуваат во живо. Алатката ги препознава лицата на политичарите и потоа го следи времето што го поминуваат на телефон за време на преносот од состанокот на владата. Алатката дури може да објавува кратки видеа од политичарите што користеле телефон на состаноците на социјалните мрежи.



Алатката била претставена на 5 јули, но веќе има позитивни коментари за неа. Негативните коментари доаѓаат од страна на политичарите, изјавиле од компанијата.

Главната цел на компанијата е повеќе од едноставното мерење на времето што политичарите го поминуваат на телефон на владините состаноци - сака да ги покаже проблемите со технологијата за препознавање на лицето, вештачката интелигенција и приватноста, и да ги поттикне политичарите да работат на решавање на овие проблеми.

Извор: Interesting Engineering
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија