X
 16.01.2022 Живот

Фотографија што ги прикажува сите ужаси на холокаустот

Историјата на Освиечим датира од самиот почеток на полската државност и претставува еден од најстарите кастелански „гордови“.

Старословенскиот збор „горд“, од кој се развил нашиот збор „град“, претставувал посебен вид утврдена населба на ридови, брегови, полуострови или езерски острови.

Самиот горд Освиечим, на запад од војводството Малополско, своето име му го должи на својот прв господар со исто име.

Благородникот Освиечим не можел ни да замисли дека илјада години подоцна германската варијанта на неговото име ќе стане синоним за најголемиот ужас што човечкиот ум некогаш успеал да го замисли.

Поинаку „Аушвиц“ не може да се карактеризира. И како би можел кога во тој нацистички комплекс од над 40 концентрациони и истребувачки логори и подлогори (главни биле Аушвиц I, Аушвиц II-Биркенау и Аушвиц III- Моновиц), помеѓу мај 1940 и јануари 1945 година, особено од 1942 година, починале најмалку 1,1 милион луѓе.

foto
Фото: Wikimedia Commons/Public domain

Оваа навидум безопасна фотографија, токму затоа што не прикажува експлицитно ужас, е пострашна од сите други. Штом човек ќе сфати и ќе разбере што се гледа на неа, фотографијата удира во свеста како чекан.

На една релативно мала област, иако не гледаме тела на убиените, ги гледаме ужасите на војната. На фотографијата се многу насилни смртни случаи, иако не се видливи.

Извор: Telegraf.rs
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот