Во шведскиот кварт Вастманланд се наоѓа еден од најчудните хотели во светот - „Хотел Сала Силвермајн“. Имено, хотелските соби се наоѓаат под земја и до нив може да се стигне само со лифт кој се наоѓа во поранешниот рудник за сребро.
Иако сместувањето не нуди поглед кон сонцето, апартманот е дизајниран за двајца и украсен со сребрен мебел со многу свеќи за да обезбеди романтична атмосфера.
Овој хотел е дом на некои од најдобрите пештерски нуркања во светот. Во него нема струја и околината е недопрена, па влегувате во мистериозен свет полн со лавиринти, тунели и базени.
Гостите добиваат кошница со сирење, бисквити, овошје, пенливо вино и чоколадо - како и домофон што ги поврзува со локален водич во случај да им затреба нешто.
Гостите можат да го разгледаат рудникот и да поминат низ подземни езера, кривулести галерии и коридори каде што батериските ламби се единствениот извор на светлина.
Повеќе од 400 години рудникот е еден од најважните производители на сребро во Шведска, а кралот Густав Васа уште во 16 век го нарекол „шведска комора со богатство“.
Температурата знае се спушти до два степена, иако во собите што се наоѓаат во малку потопол дел има температурата од околу 18 степени. Хотелот е многу популарен, па затоа е претежно исполнет со гости во викендите.
Извор:
24sedam.rs
Фото: Screenshot/YouTube