X
 09.07.2019 Култура

„Актер-човек“ на Теа Беговска – најдобар алтернативен проект на фестивал во Словенија

Интерактивниот перформанс „Актер-човек“ во режија на Теа Беговска е прогласен за најдобар во својата категорија на гостувањето во Постојна, Словенија.
- Наградата е значајна за оваа екипа на млади уметници бидејќи ни отвора други врати за понатамошни гостувања и промоција на културата во други држави на Балканот - вели Беговска.


Актерот Никола Кузелов во сцена од перформансот

На фестивалот се претставија гости од Балканот, меѓу кои имаше различни категории од групи што создаваат надвор од институција и се финансираат сами. „Актер-човек“ беше претставен како алтернативен проект.
Улогите ги толкуваат: Никола Кузелов, Надица Петрова и Даријан Петров, а автор на музиката е Енес Беговски.

„Актер-човек“ имаше своја премиера во декември 2019 година. По изведбите во Скопје и неколку гостувања во другите градови, го имаше и своето прво интернационално гостување во Словенија. Следната изведба е на 15 јули во рамките на „Скопско лето“.

Перформансот е примен и на Интернационалниот фестивал „Митамбо“ во Зимбабве, кој треба да се одржи во октомври годинава.


Надица Петрова во сцена од перформансот
Подготвил: С.Ѓ.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура