Колку поприродно звучи гласовниот одговор, толку е поголема веројатноста да му се поверува, додека проблемот со халуцинирањето останува ист како кај сите други модели
„Опен АИ“ го лансира „ГПТ лајв“ - нов гласовен модел за „Чет-ГПТ“ кој го заменува досегашниот Адвансд војс мод. Станува збор за алатка која истовремено слуша и зборува, со што се отстрануваат вештачките паузи карактеристични за претходната верзија. Потпирањето на текстуални одговори досега претставуваше пречка за широката употреба на вештачката интелигенција во секојдневните рутини, па „ГПТ лајв“ во таа смисла го проширува опсегот на алатката.
Кога треба помош, се повикува „ГПТ 5.5“
Првата промена му овозможува на моделот во текот на разговорот да вметнува потврдни звуци како „мхмм“ и да води брза размена на реплики, вклучувајќи и паузи за размислување без прекинување на корисникот. Втората промена го разделува гласовниот модел од подлабокото заклучување - кога барањето бара посложена обработка, „ГПТ лајв“ го проследува барањето до моделот „ГПТ 5.5“, кој го обработува во заднина додека гласовниот модел продолжува да го одржува текот на разговорот.
На демонстрацијата за новинари пред објавувањето, моделот симултано преведуваше на хинду јазик додека говорникот излагаше, а преводот следуваше веднаш штом тој заврши, без пауза и карактеристичниот звук за „размислување“ кој ја забавуваше претходната верзија.
Моделот доаѓа во две верзии
Според податоците на „Опен АИ“, „ГПТ лајв“ го надминува Адвансд војс мод и според преференциите на луѓето во разговорот и според техничките мерила, како што се научното заклучување и агентското пребарување. Моделот доаѓа во две верзии: ГПТ лајв-1 за гоу, плус и про корисници и ГПТ лајв-1 мини како стандардна опција за бесплатните корисници.
Фото: принтскрин/Х