X
 09.08.2024 Живот

Училиште во Тексас им забранило на учениците да носат црна облека, а причината е грижата за нивното ментално здравје

Училиште во Тексас одлучило носењето целосно црна облека да го третира како кршење на кодексот на облекување, наведувајќи ја загриженоста за менталното здравје на учениците.

Оваа одлука ја донела средното училиште „Чарлс“, кое е дел од независната училишна област Ел Пасо. Забраната важи за сите ученици. Во писмено обраќање до родителите, директорот на училиштето, Ник Десантис, истакнал дека во училишниот кампус преовладувало облекување во црни маици и пантолони. Како што напишал тој, таквото облекување станало поврзано со депресијата и проблемите со менталното здравје и/или криминал, наместо со среќни и здрави деца подготвени да учат.

Претседателката на Здружението на наставници во Ел Пасо, Норма Де Ла Роса, истакнала дека новиот кодекс на облекување одредува во кои денови е можно да се носи црна гардероба. Таа тврди дека наставниците забележале промена во начинот на облекување на учениците кога се под стрес или во депресија.

- Промената на кодексот на облекување е одговор на загриженоста и препораките во средното училиште Чарлс - изјавила Де Ла Роса.

Сепак, новите правила предизвикаа различни реакции кај родителите. Еден фејсбук-корисник напиша дека би било подобро да се реши проблемот со булингот, за кој наведе дека е поголема грижа за менталното здравје.

Дополнително, некои истакнаа дека тоа не ги решава причините за психичките проблеми на учениците и дека оние кои ги имаат овие проблеми ќе бидат казнети.

Извор: Klix.ba
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот