X
 31.08.2016 Здравје

Љубезноста и добрите дела имаат позитивно влијание на менталното здравје

Љубезните дела може да се особено важни кога стресот е на високо ниво.Најдоброто нешто што може да го направиме за себе не е секогаш некоја активност што ќе се однесува само на нас. Едно мало дело на љубезност може да помогне да се намали нивото на стрес кој се поврзува со негативните емоции.

помош


Во една студија се поставило прашањето за ефектот од помагањето на другите и напоредно со тоа, ефектот од практикување на помалку помош и љубезност за останатите. Истражувањата покажале дека луѓето што повеќе се стремат да помагаат на другите се стремат да имаат повеќе позитивни емоции и обратно. Авторите на оваа студија издвоиле 5 објаснувања за бенефитите од љубезноста:

1. Одвлекување на вниманието: фокусот на сопствениот стрес прави да се окупираме со нештата што не се во ред кај нас. Помагањето може да го пренасочи вниманието на нешта што се помалку врзани за нашиот извор на стрес.

2. Поголемо значење за себе и ефикасност: ако сме без работа голема е можноста и да не се чувствуваме добро за сопствените способности. Волонтерката работа во ваков случај може да не потсети за сопствената вредност и способностите. Помагањето на другите не потсетува дека животот е многу повеќе од соочување со секојдневните проблеми.

3. Активација на системот за окситоцин: истражувачите велат дека при правење добри дела се ослободува окситоцин – хормон што е поврзансо довербата и поврзувањето со другите, што може да ги истисне негативните емоции.

4. Ослободување на допамин – хормонот на среќата:
допаминот се ослободува при активности што се доживуваат како награда: јадење, интимност со партнер, добивање облог, постигнување гол, поени. Веројатно и љубезноста е еден вид награда за себе поради која сме посреќни.

5. Се намалува активноста на симпатичкиот нервен систем: реакциите кои се базирани на немили настани или стресни ситуаици се експресии на симпатичкиот нервен систем кој го подготвува телото и умот да се справи со изворот на стрес. Истражувањата покажале дека емпатијата се поврзува со намалување на реагирањето на стресот, а со тоа помагањето на другите може директно да влијае на физолошкиот одговор на стресот.

Затоа, ако имате тежок ден и сакате да ги тргнете мислите од грижите, направете мало љубезно дело.
Подготвил: Марта Димитров

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје