Сè повеќе луѓе работат од дома поради пандемијата на коронавирусот. Затоа, една јапонска компанија создала производ кој ќе им ја олесни работата.
„Отегару“ претставува кабина со звучна изолација во која може да работите без да бидете прекинувани и во која може да имате онлајн-состаноци во мир. Цената на кабината е околу 1.800 долари.
Кабината ги одбива надворешните звуци со апсорпција на звукот и изолација. Направена е од брановидни плочи со слој за звучна изолација и фенолна смола за апсорпција на
звукот. Кабината ја намалува бучавата за околу 15 децибели, велат од компанијата.
Кабината пристигнува во делови и се составува за околу еден час. Тежи 50 килограми и е висока речиси 2 метра. Во неа има и вентилатор, ЛЕД-светилки и маса, а може да се набави во бела или во кафеава верзија. Засега е достапна само во Јапонија.
Автор: Корин Рајкарт
Извор:
cnet.com