X
 01.12.2022 Живот

Работењето во канцеларија ги чини вработените речиси двојно повеќе отколку работењето од дома

Времето не е единственото нешто што го заштедуваат работниците кои работат од дома.

Според неодамнешен извештај, одењето во канцеларија чини речиси двојно повеќе од работењето од дома со полно работно време, при што вработените лично трошат дополнителни 5.000 долари годишно.

Компанијата „Аул лебс“ анкетирала повеќе од 2.300 вработени со полно работно време за нивните секојдневни навики поврзани со трошењето, минатиот јули. Работниците што патувале до канцеларија трошеле 863 долари месечно во просек за поврзани трошоци, како што се оброци, грижа за миленици и превоз. Вработените што работеле од дома, пак, потрошиле 423 долари месечно во истите категории, со што успеале да заштедат до 440 долари.

Една третина од учесниците во истражувањето изјавиле дека отишле да работат в канцеларија, но работеле со скратено работно време, но и тие потрошиле прилично повеќе од колегите што работеле онлајн.

Просечниот хибриден работник троши 15,11 долари за патување, 14,25 долари за ручек и 8,46 долари за кафе и појадок секој ден. Со оглед на тоа што цените за храна и бензин се прилично високи, овие дневни трошоци се потешки за буџетирање.

Работењето од дома доаѓа со скриени трошоци, како што се интернет, струја и канцелариски материјали. Но, во споредба со трошоците за храна и гориво секој ден доколку одат на работа, овие трошоци се прилично мали.

Извор: Mental Floss
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот