Пандемијата ги смени нашите хигиенски навики, како и свеста за нашата околина. Одењето во супермаркет во текот на пандемијата изгледаше како сцена од дистописка серија, а за некои, опседнатоста со хигиената продолжува и сега. Дали некогаш сте се запрашале колку бактерии има на производите што ги допирате во супермаркет?
Еден студент по микробиологија направил експеримент за да види колку бактерии има на производите и добил шокантни резултати. Дилан Перера во видео на „Тик-ток“ покажал колку бактерии има на разни производи на полиците во супермаркет собирајќи примероци од производите и анализирајќи ги во лабораторија.
Студентот открил дека јаболката содржеле дури 32 бактериски колонии, а млекото само две. На пакувањата со месни производи имало над 300 бактериски колонии, покажал експериментот.
Извор:
Index
Насловна фотографија: Pixabay