X
 09.10.2020 Наука

Создаден гел што ги обновува оштетените нерви за неколку недели

Лекари и инженери создале нов гел кој може да ги поправи оштетените нерви подобро од кој било друг метод што се користел досега.

Гелот е растеглив влажен материјал што ги обновува нервите. Во испитувања на животни, истражувачите од универзитетот во Нанџинг, Кина, откриле дека гелот ја обновил изгубената функција на нервите и им помогнал на животните побргу да оздрават. Истражувачите се надеваат дека гелот ќе има еднакво добро дејство и на луѓето.

Кога се оштетуваат нервите, се блокира или губи испраќањето на биоелектричните сигнали што се испраќаат до и од мозокот. Ова може да предизвика болка, послаби моторни функции и вкочанетост. Оштетувањето на нервите тешко се лекува.


Фото: Pixabay

Досега лекарите ги поправале оштетените нерви така што ги заменувале со здрави нерви или импланти. Меѓутоа, закрепнувањето може да биде бавно и може да бидат потребни дополнителни операции.

Кога станува збор за гелот, тој ја вратил функционалноста на повредените нерви кај стаорци и жаби за неколку недели. Според истражувачите, процесот на закрепнување може да биде и побрз бидејќи гелот станува поефективен кога е под инфрацрвена светлина.

Автор: Ден Робитски
Извор: futurism.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука