X
 04.07.2019 Здравје

Попај бил во право - спанаќот ја зголемува мускулната маса

Легендарниот лик Попај ги зголемуваше мускулите јадејќи спанаќ, а германските научници докажаа дека тоа е вистина.

Научниците од берлинскиот универзитет и Светската антидопинг-агенција минатата недела објавија дека хемикалијата хидроксиекдисон или екдистерон што се наоѓа во овој зеленчук ја зголемува силата на спортистите.

По истражувањето, спортистите што десет недели добивале хидроксиекдисон преку храната биле трипати посилни од оние што тренирале со плацебо.

- Очекувавме да видиме разлика, но не очекувавме дека ќе биде толку голема - вели берлинската професорка Марија Пар.

Многу видови зеленчук содржат хидроксиекдисон, но спанаќот е најпознат.

Екдистерон или хидроксиекдисон е стероиден хормон сличен на човечкиот андроген како тестостеронот.

Се смета за адаптоген, со оглед на способноста за промена на рамнотежа на телото и намалување на клеточниот стрес. На спортистите им е привлечен бидејќи ги зголемува силата и издржливоста.

Научниците досега спровеле повеќе од 50 истражувања за екдистеронот и заклучија дека ја зголемува синтезата на протеините, ја зголемува вкупната содржина на протеините и гликогенот во мускулите, ја потиснува хипогликемијата и силно го стабилизира нивото на шеќер во крвта, а контролата на гликемијата резултира со постојано чувство на висока енергија, има силни антивоспалителни својства, ги намалува високите нивоа на кортизол, ги зголемува спортскиот перформанс и работната способност, како и капацитетот на белите дробови, ги зголемува брзината и моќта, а го намалува уморот.

Ликот на Попај бил создаден во 1929 година.

- Можеби тие тогаш веќе знаеле нешто што ние сега моравме да го докажеме - вели Пар.

- Ѝ препорачуваме на светската антидопинг-агенција оваа супстанција да биде додадена на листата за допинг. Сметаме дека ако ги зголемува перформансите, тогаш таа неправедна предност треба да се отстрани - додава таа.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје