X
 22.08.2015 Здравје

Пушачи, вашите бели дробови имаат порака за вас

„Пораката од белите дробови“ е јасна и гласна: Престанете со пушење. Поголемиот дел од пушачите веројатно не размислуваат многу за тоа, но факт е дека пушењето е многу поштетно отколку што мислиме и истото може да предизвика повеќе болести отколку што би претпоставиле.

ББДО Тајланд заедно со Фондацијата за промоција на здравјето во Тајланд и Факултетот за медицина при универзитетот „Чулалонгкорн“ извадиле катран од белите дробови од човек кој пушел 50 години секојдневно и направиле мастило од него. Потоа, мастилото го покажале во јавноста и го претставиле со приказната за неговото создавање.

Кампањата го постигнала ефектот и покажала колку е штетно пушењето, но дали ќе ги промени навиките на пушачите?

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје