Истражувачи на Универзитетот „Англија Раскин“ во Обединетото Кралство направиле значаен напредок во третманот за катаракта со лекови.
Катаракта е медицинска состојба во која се замаглува леќата на окото и влијае врз квалитетот на видот. Според процени од Светската здравствена организација (СЗО), околу 65 милиони луѓе во светот имаат катаракта.
Оваа состојба се третира со операција, но новиот
труд од истражувачите, водени од професорката Барбара Пирсонек, посочува дека наскоро состојбата ќе се лекува на друг начин. Истражувачите спровеле напредни тестови на лек кој е базиран на оксистерол, кој е дериват од холестерол и игра улога во многу клеточни функции.
Фото: Pixabay
Лекот покажал значајно подобрување на фокусот кај 61 отсто од испитаниците, а замагленоста на леќата била намалена кај 46 отсто од случаите.
Меѓутоа, експериментите покажале подобрување кај само некои видови катаракта, а не кај сите.
Извор:
Interesting engineering
Насловна фотографија: Pixabay